Претставен домашен робот кој сам ги мие садовите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Роботичарите на Тојота неуморно развиваат нови роботи кои ќе имаат конкретна примена во нашите домови, па нивната подружница Toyota Research Institute (TRI) воведе домашни роботи кои, пред сè, ќе им помогнат на постарата популација.

Loading...

Новите прототипови роботи се во можност да шетаат низ куќата, да местат, да усисуваат и да ја бришат прашината од деликатни работи како што се ТВ-екраните, а има и „батлер“ кој виси од таванот и се движи по должината на патеката.

Илон Маск лансираше уште 60 сателити во вселената, досега вкупно 700

Тојота смета дека тоа е многу практично, затоа што кога повеќе не ви треба, тоа се намалува и останува во воздухот над вашата глава, така што нема да ви пречи додека се движите дома.

Јапонските научници и инженери му задале бројни задачи како бришење работни површини во кујната и ставање садови во машината за перење.

Сите овие роботи сè уште се во фаза на прототип, но Тојота планира да ги тестира меѓу обичните луѓе за да види дали има потреба од нив.

Со оглед на растечкото стареење на вкупното население во Јапонија, Тојота верува дека ваквите роботи ќе бидат од голема корист за пензионерите, но и за инвалидите и сите други на кои им е потребна ваква помош, но исто така ќе имаат корист и за помладите луѓе кои немаат волја и време за досадна домашна задача.

Што ќе ни донесе напредокот на технологијата во следните пет години?

Loading...

За да ги демонстрираат своите нови производи, инженерите на ТРИ создадоа виртуелна куќа за демонстрација и снимија 360 видео што можете да ги погледнете подолу.

 

 

Leave a Reply