Претставата ”Зад кулисите” ги откри мрачните тајни на актерскиот живот (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Премиера на преставата ”Зад кулисите” изведена во НУ Театар Куманово вчеранавечер, кај кумановската публика побуди реакции на смеа, но и отвори многу прашања за тоа, дали актерите заслужуваат да работат во услови кои не се на ниво на една културна установа во која прокиснува кровот, така наводнувајќи ги даските што значат живот.

Loading...

На сосема различен начин од тоа што досега го има видено публиката во Куманово, деветте кумановски актери ја пренесоа реалноста за тоа до каде допре политиката во културниот живот, и како актуелните политички случувања не дозволуваат, културните работници да останат тоа што се, и на сцена наместо нарачани текстови, да изведуваат дела како трагедијата на Еврипид ”Медеја” или пак ”Кралот Лир” од Вилијам Шекспир.

[huge_it_gallery id=”102″]

 

Во претставатата настапуваат девет актери од кумановскиот ансамбл: Мартин Лазаревски, Нина Максимова, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Антонио Пешевски, Александра Пешевска, Александра Михајловска, Јасмина Василева и Марко Трајковиќ, а учествуваат и девет пензионери од Здружението на пензионери од Куманово, кои ги персофиницираат актерите кога тие ќе остарат и ќе зборуваат за тоа како им поминал работниот век работејќи во Театар Куманово.

[huge_it_gallery id=”103″]

 

Претставата „Зад кулисите“ од авторот Мајкл Фрејн, а во режија на Билјана Радиноска, вчеранавечер доби бројни аплаузи од публиката, што за режисерот е признание за сработеното, т.е за отварање на прашањето дали на македонското општество му треба институција наречена театар.

Loading...

Претставата ”Зад кулисите” беше изведена на македонски јазик со дијалект карактеристичен за Куманово, и изобилува со сцени кои уште еднаш ја потсетуваат јавноста за тоа, актерите да бидат оставени да го работат она за кое се создадени, без цензура и политичко влијание.

Реприза на претставата следи ден по премиерата, со почеток во 20 часот.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.