21.05.2019 13:37

Претставата „Прво лице еднина“ утре во кумановскиот театар


Во Кумановскиот театар утревечер премиерно ќе биде прикажана монодрамата „Прво лице еднина” од режисерката, Драгана Гунин во изведба на актерката Владанка Димковска. Текстот е на Димковска, работен по мотивите на „Добра ноќ за бунтовни девојчиња” од Елена Фавили и Франческа Кавало.

Актерката ќе прикаже повеќе женски ликови, ќе го прикаже патот на себепронаоѓање и ќе понуди одговори за уметноста. Таа вели дека првпат игра во монодрама која на гледачите ќе им испрати порака дека никој, никогаш, не треба да се откаже од своите соништа.

loading...

„Станува збор за интимен процес, многу е лична претставата, зборува за себепронаоѓањето на актерката која како и сите уметници во државата се соочува со специфични услови. Многу е важно да се разбудат емоциите кај публиката“.

Проектот е финансиран од Министерство за култура во копродукција со Театар Куманово.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments