На прес конференција која денеска се одржа во Народен театар – Куманово беше соопштено дека веќе од септември започнува новата сезона.
Актерот во НУЦК „Трајко Прокопиев“, Мирослав Петковиќ соопшти дека првата претстава во новата сезона ќе биде „Ауденција“ на која тој самиот е режисер, а во неа главните улоги ќе ги играат Чедомир Митевски и Горан Илиќ.
Ауденција е текст кој е напишан на крајот на 20 век и според мене е една голема и конретна дефиниција за целиот 20 век, но поинтересно е барем ние така го гледавме пошто темата што ја обработува се наметнува да биде наслов на 21 век. Тоа е текст во кој се зборува за двајца луѓе професионалци во своите професии и треба да направат разговор во 4 очи и мислам дека тоа е проблем во 21 век што мора да се направи разговор во 4 очи но мора да има 5 души. – Мирослав Петковиќ
Актерот Горан Илиќ вели дека е многу тешко да се сработи претстава што е надвор од средствата што Министерството за култура ги издвојува на годишно ниво, затоа што според нивната финансиска програма пари има само за две претстави.
Преставата е правена во 2013 година, но оваа година ќе ја отвори новата сезона во Народен театар – Куманово. Претставата „Аудиенција“ пред кумановската публика ќе се одигра во вторник и среда со почеток во дваесет часот.