Претседателот на Мали нападнат со нож за време на молитва

Сподели со своите пријатели

Привремениот претседател на Мали Асими Гоита бил нападнат со нож за време на молитвата по повод Курбан Бајрам во Големата џамија во главниот град Бамако.

Loading...

Во соопштението од Кабинетот на претседателот Мали на Твитер се вели дека обезбедувањето веднаш го совладало напаѓачот.

Два воени извори за Ројтерс потврдија дека Гоита не е повреден во нападот врз џамијата.

 

Чуварот на џамијата „Идриша Коне“ рече дека видел како напаѓачот се приближува до претседателот и дека и Гоита и членовите на неговото обезбедување го извлекле оружјето.

Гоита, 38-годишен полковник на специјалните сили, ја презеде власта во јуни, откако за девет месеци протера двајца претседатели.

По пучот во август минатата година, во кој беше симнат од власт претседателот Ибрахим Бубакар Кеита, пред неполни два месеци беа уапсени преодниот претседател и премиер Бах Ндав и Моктар Уану, кои ја следеа транзицијата на власта што требаше да се врати на цивили.

Loading...

Leave a Reply