Претепан таксист од Куманово: Му го украле возилото и телефонот

Сподели со своите пријатели

Таксист од Куманово викендов бил претепан од неколку лица кои потоа му го украле возилото и мобилниот телефон.

Loading...

– На 03.07.2022 во Полициската станица Кратово, М.С. од с.Филиповци, кратовско, пријавил дека пред неговата куќа дошло лице со повреди од физички напад. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека се работи за Г.З.(49) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во службен разговор со полициските службеници тој пријавил дека бил повикан со неговото такси возило да превезе неколку лица од село Вакв до Куманово, кои физички го нападнале и му го одзеле возилото „фолксваген пасат“ и мобилниот телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски