Пресврт во војските ширум светот: Наместо мажи, на чело се жените

Сподели со своите пријатели

На челни позиции на најголемите американски и воедно глобални компании кои произведуваат најмодерна воена техологија, со вкупни приходи од над 100 милијарди долари, се наоѓаат жени, што е своевиден пресврт за индустријата традиционално поврзана со мажите.

Loading...

Војската и војните традиционално со векови се врзуваат за машкиот пол, но ситуацијата во врвот на американската воена индустрија покажува дека времињата се менуваат, затоа што на чело во четири од пет најголеми компании за набавка за тамошните воени сили се наоѓаат жени.

Тој пресврт не е ограничен само на корпорациите туку се однесува и ан воениот сектор на тамошната државна управа. Првите реакции на американскиот женски штих во традиционално машката област се позитивни.

Коментарите се сведуваат на одобрување на ситуација во која на прво место се цени трудот и способноста, а не полот или некои други карактерни особини. Меѓутоа, некои критичари предупредуваат на тоа дека фактот оти со американската воена машинерија управуваат жени не е добра за општата положба на жените во општеството.

Тие критичари потсетуваат дека сите тие компании и натаму произведуваат смртоносно оружје кое неретко се користи во случаи и на локации каде со нивното користење повторно се одржуваат општествени системи во кои жените се нерамномерни, како и на фактот дека од користењето на тоа оружје често страдаат многу жени цивили.

Без оглед на различните мислења, па дури и тоа који се вистинските причини за таквите промени, американската ситуација е интересен пресврт и одраз на модерното општество во кое традиционалната воена чизма ја менува женската потпетица.

Loading...

Leave a Reply