Пресврт во КК Куманово: Тренерот Страшо Тодоровиќ се враќа на сцена

Сподели со своите пријатели

Договорот со досегашниот шеф на стручен штаб Љубисав Луковиќ е споразумно раскинат, а за нов шеф на стручен штаб е назначен Страшко Тодоровиќ, информираше Управата на кумановскиот клуб на социјалната мрежа Фејсбук.

Loading...

Во изјава за Кумановски Муабети, Младен Давидовиќ, спортски директор на КК Куманово, вели дека доцна вечерва управата на клубот споразумно го раскинала договорот со тренерот Луковиќ, и за ново – стар тренер повторно го назначи Страшо Тодоровиќ.

  • Сите се сложивме дека можеби тоа е најдоброто решение во моментот, откако клубот буквално го задесија некои малери, но и лоши резултати кои се должеа на неекипираност поради поврдени играчи, па во договор со Луковиќ, решивме дека можеби е најдобро да направиме смена во тренерската позиција. За Луковиќ остануваме секогаш тука и тој е наш најдобар пријател на клубот, изјави Давидовиќ.

Тренерот Страшо Тодоровиќ кој бележи повеќе од 20 – годишна спортска кариера како помошник тренер на КК Куманово, а потоа и како главен тренер, успеа клубот да го доведе до финале во домашната лига, за да тимот ја заврши ланската сезона како вицешампион по мечот со МЗТ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.