Пресудата за случајот MH17 значи доживотен затвор и за Путин

Сподели со своите пријатели

Повеќе симболика не е можна. На денот кога беше објавена пресудата во судскиот процес за соборувањето на патничкиот авион МХ17, источна Украина беше опсипана со руски ракети. Повторно.

Loading...

Кога една руска противвоздушна ракета собори малезиски патнички авион што леташе од Амстердам до Куала Лумпур на 17 јули 2014 година, при што загинаа 298 луѓе, тоа беше шок за целиот свет.

Дотогаш, многумина не ја ни забележаа руската војна против Украина, која започна со анексијата на Крим.

Се зборуваше за проруски сепаратисти, Москва негираше дека е вмешана.

Грешка која не ја намалува вината

Осум години и четири месеци подоцна му дојде крајот. Судиите на Окружниот суд во Хаг овој четврток утврдија дека Русија тогаш имала „целосна контрола“ врз целата област на таканаречената „Доњецка Народна Република“, вклучително и преку руски државјани кои имале врски со Кремљ и кои учествуваше во тамошната влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Двајца од нив сега се прогласени за виновни во отсуство и осудени на доживотен затвор.

Едниот се вика Игор Гиркин, тој е поранешен офицер на руската тајна служба, а во регионот Доњецк го нарекуваа „министер за одбрана“.

Вториот е Сергеј Дубински, кој му бил заменик, а претходно бил офицер во руската армија.

Loading...

Како соучесник во злосторството е осуден и еден Украинец – тоа е Леонид Харченко.

Според мислењето на судот, сите тројца се одговорни за тоа што противвоздушниот систем „Бук“ бил испорачан од Русија во Украина и што бил користен против патнички авион за кој мислеле дека е украински воен авион.

Таа грешка, сепак, не ја намалува вината.

Четвртообвинетиот Русин Олег Пулатов е ослободен од обвиненијата.

Според пресудата, неговата улога не можеше да биде доволно разјаснета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Што останува од тоа големо судење што започна во март 2020 година? Зарем бруталниот руски напад врз Украина одамна не го засени случајот MH17? Така може да изгледа само на прв поглед.

Искуства за идниот трибунал за Украина

Тој процес, всушност, не е завршен по пресудата. Можеби ќе има уште судења, бидејќи не можеше да се утврди „кој и зошто дал наредба“, како што рече претседателот на советот.

Руското политичко и воено раководство, кое е заеднички одговорно за соборувањето на авионот, во овој случај не беше обвинето.

Loading...

Тоа ќе се промени најдоцна по започнувањето на меѓународниот трибунал за воени злосторства во Украина.

Во октомври, холандскиот парламент гласаше за формирање таков трибунал.

Тој би можел да ги разгледа настаните по анексијата на Крим во 2014 година и да ги искористи вредните искуства од случајот MH17.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

А случајот MH17 е под опсежна истрага со години. Меѓународниот тим анализирал илјадници часови прислушувани телефонски разговори, податоци за приклучоците на мобилни телефони и временските услови, сослушувал сведоци и извршил комплицирани експерименти.

Вакво судење не се случило во историјата на цивилното воздухопловство и холандското правосудство заслужува најголема пофалба за тоа.

Најважниот резултат е: лагите се разоткриваат и правдата е задоволена, иако треба да се чека со години.

Оваа пресуда е пример и показател за тоа што би можело да го чека рускиот претседател Владимир Путин и неговото воено раководство: доживотен затвор.

Можеби дотогаш тие што сега се осудени ќе можат да бидат уапсени и ставени зад решетки, пишува Роман Гончаренко за ДВ.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.