Премиерот на Јапонија пристигна во главниот град на Украина

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида пристигна во Киев во вторник, 21 март, за да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Како што јави јапонскиот телевизиски канал NHK, јапонскиот премиер Фумио Кишида пристигна во Киев во вторник, 21 март, за да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фумио Кишида пристигна во Киев со воз околу пладне по локално време.

Со него се сретнаа заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Емина Џапарова и амбасадорот на Јапонија.

Премиерот беше единствениот лидер на Г7 кој сè уште не ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Се очекува Кишида и Зеленски да разговараат за поддршката на Јапонија за обновата на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.