Прекумерна телесна тежина ќе имаат 4 милијарди луѓе до 2050 година

Сподели со своите пријатели

Доколку сегашните нездрави трендови во исхраната продолжат, повеќе од четири милијарди луѓе би можеле да бидат со прекумерна тежина до 2050 година, од кои 1,5 милијарди би страдале од дебелина, покажа ново истражување.

Loading...

Предупредувајќи на здравствена криза од незамисливи размери, експертите од Институтот за истражување на климатските промени во Потсдам велат дека побарувачката за храна може да се зголеми за 50 проценти до средината на овој век и да го надмине капацитетот на Земјата за одржлива природа.

Давајќи преглед на промените во навиките за јадење низ целиот свет од 1965 до 2100 година, научниците користеа отворен модел за да предвидат како побарувачката на храна ќе одговори на растот на популацијата, стареењето, зголемувањето на индексот на телесна маса, намалувањето на физичката активност и зголемениот отпад на храна.

Тие утврдија дека, со непроменето однесување, повеќе од четири милијарди луѓе или 45 проценти од населението ќе бидат со прекумерна тежина до 2050 година.

Според тој модел, 16 проценти ќе бидат дебели во споредба со сегашните девет проценти меѓу 29 проценти од популацијата со прекумерна тежина.

„Се повеќе фрлање храна и зголемена потрошувачка на животински протеини значи дека влијанието врз земјоделството ќе излезе од контрола“, рече Бенџамин Бодирски, кој го предводеше истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието „Nature Scientific Reports“.

Без разлика дали станува збор за загадување со азот или уништување на шумите, ние ги достигнуваме границите на нашата планета, ако веќе не сме ги надминале“, вели тој.

Иако трендовите варираат од регион до регион, авторите на студијата заклучуваат дека глобалните навики во исхраната се оддалечуваат од исхраната заснована на растителна храна и скроб кон диета богата со шеќери, масти и храна од животинско потекло што ја истакнува индустриски преработената храна.

Loading...

Во исто време, истражувањето открило дека со растечката нееднаквост и фрлањето храна што се произведува, но не се консумира затоа што нема каде да се складира или прекумерните набавки на храна – околу половина милијарда луѓе во светот сè уште ќе бидат неухранети.

„Има доволно храна на светот, проблемот е што најсиромашните на планетата немаат пари да ја купат“, вели коавторот на истражувањето Прајал Прадан.

„И во богатите земји, луѓето не ги чувствуваат економските и еколошките последици од фрлањето храна“.

Leave a Reply