Прекини на електрична енергија во Кумановско-Липковскиот регион

Сподели со своите пријатели

Од ЕВН известуваат за планирани прекини на електрична енергија во неколку Кумановски села. Прекинот ќе трае од 10:00-13:00 часот, а без струја ќе останат корисниците од селата Лојане, Ваксинце, Табановце и селото Сланиште.

Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.