Прекин во функционирањето на Гугл Мапс- проблеми за возачите ширум светот

Сподели со своите пријатели

Во петокот, во попладневните часови, Гугл Мапс, популарна апликација за навигација, беше исклучена, а проблемот беше идентификуван глобално. Според Down Detector, тоа се случило во 15:44 часот по Гринич, и се манифестирало на различни начини – од информацијата „ Maps can’t reach the internet “, до прикажување на празна мапа на екранот.

Loading...

Според извештаите, се чини дека Route Planner работел нормално цело време, едноставно не било можно да се вчитаат мапите. Корисниците добиваа текстуални информации, но не можеа да ја видат патеката на мапата.

 

 

За само 15 минути, Down Detector добил повеќе од 11.000 пријави, од кои 58 проценти пријавиле проблеми со пристапот до страницата, 39 проценти пријавиле проблеми со апликацијата Гугл Мапс, додека во 3 проценти од случаите проблемот бил со податоците.

Според информациите објавени од Гугл, проблемот бил во неколку API поврзани со мапи. Работата на системот изутрината беше вратена во нормала.