Предупредување за луѓето кои консумираат алкохол за време на пандемија

Сподели со своите пријатели

Експертите ве предупредуваат да не посегнувате за алкохолот со надеж дека тоа ќе ве натера да се чувствувате подобро како резултат на преземените мерки поради пандемијата со коронавирусот.

Loading...

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) ги предупредуваат луѓето за консумирање алкохол и што може да донесе оваа состојба.

Како да им објасните на децата што е коронавирус?

„Алкохолот е бескорисна стратегија за справување со стресот додека сте во изолација заради коронавирусот“, рече експерт на СЗО.

Сепак, експертите сметаат дека чувството на осаменост, бесцелност, неизвесност и досада е сосема нормално во овие околности и дека луѓето не треба да се грижат дека тоа само ним им се случува, сите сега го поминуваме истото. Сето тоа е дел од психичкиот одбранбен систем на човекот и подобро е да ги искажете сите овие чувства отколку да ги соберете во себе.

Ако сакате, испијте чаша вино или пиво по ручек или вечера, но претерувањето во никој случај не е препорачливо, бидејќи веројатно ќе предизвика уште поголеми чувства на депресија и безнадежност.

Може ли бракот да го преживее коронавирусот?

„Кога сте затворени во куќата, најважно е да одржувате рутина затоа што ќе ви даде чувство на контрола и ред. Покрај тоа, за менталното и физичкото здравје е важно да се храните здраво, вежбате и спиете”, вели др. Ајша Малик од СЗО.

Loading...

Секоја успешна идеја што се занимава со стрес е изградена на истиот принцип: треба да знаеме што точно го предизвикува стресот и како се манифестира кај нас, физички и емотивно.

Познавањето на вашите предизвикувачи и симптоми ќе ви помогне да избегнете стресни ситуации или да најдете начин, доколку ги има, да се справите со нив.

Leave a Reply