07.11.2015 11:53

Празниците може да почнат со емотивната реклама на Џон Луис (видео)


Како и секоја година, така и оваа, познатиот ланец на британски маркети Џон Луис во пресрет на божиќните празници, излезе со реклама со која и официјално се најавува еуфоријата во купување подароци за католичкиот Божик.

Овојпат, името на рекламата носи наслов ”Човек на месечината” и започнува со приказна на малото девојчеЛили.

loading...

Гледајќи кон месечината заедно со семејството, Лили на телескоп одеднаш ќе здогледа човек на месечината.

Таа го набљудува старецот преку телескоп и сфаќа дека тој таму е осамен и доаѓа на идеја да направи нешто, односно да му испрати порака и така да му покаже дека некој долу на Земјата мисли на него.

Музиката за познатата реклама која во последните денови е прегледана на Јутјуб рекордни 6 милиони пати е во изведба на Аурора, а се работи за познатата песна‘Half the World Away’  на бендот Оазис.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments