Православните верници вечерва ќе слават Стара Нова година

Сподели со своите пријатели

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт.Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечер ќе ја пречекаат Православната или Стара нова година.

Старата година  ќе биде испратена и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили.

 

Loading...