Православните верници денес го слават празникот Преображение на Исус Христос

Сподели со своите пријатели

Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според Јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.[1][2][3]

Loading...

Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36.

Според преданието, за да не ослабе верата на апостолите со неговото страдање и смрт кои претстоеле, и за неговите ученици да не отпаднат од него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од својата божествена слава. Затоа ги зел со себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив.

И заблескало лицето негово како сонце, а облеката му побелела како снег, а покрај него се појавиле пророциte Мојсеј и Илија. … Потоа, сјаен облак ги опфатил Господ и учениците и дошол глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаале овој глас учениците паднале земјата како мртви и останале така додека Господ не им пришол и им рекол: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17).

Откако слегле од гората, Исус им заповедал да не зборуваат за тоа што го виделе, додека Тој не воскресне.

Иако настанот традиционално се верува дека се случил на 40 дена пред распнувањето на Христос, тој се празнува на 40 дена пред Крстовден.

На Преображение се јаде грозје или друго овошје откако свештеникот ќе го отпее и благослови. Тоа претставува и благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата.