Пратениците ќе се обидат да ја соборат Лиз Трас

Сподели со своите пријатели

Пратениците во британскиот парламент оваа недела ќе се обидат да ја соборат премиерката Лиз Трас, иако Даунинг стрит предупредува дека тоа може да доведе до предвремени избори, пишува „Дејли мејл“.

Loading...

Повеќе од 100 пратеници од редовите на владејачката Конзервативна партија се подготвени да поднесат писма за недоверба на Трас до партиското раководство, пишува весникот повикувајќи се на неименувани извори.

Велика Британија смени тројца премиери откако гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година, а земјата се уште е во политичка криза.

Пратениците ќе го информираат раководството на конзервативците дека времето на Трас помина и дека партиските правила треба да се променат за да може веднаш да се гласа за доверба, се додава во текстот.

„Дејли мејл“ наведува дека раководството на партијата ќе се спротивстави на оваа иницијатива бидејќи смета дека Трас и новиот министер за финансии Џереми Хант заслужуваат шанса да ја спроведат својата економска стратегија.

„Тајмс“ пишува дека некои пратеници воделе тајна дискусија за смена на Трасова со нов лидер.

Трасова победи во трката за лидерство на Конзервативната партија минатиот месец, откако вети дека ќе ги намали даноците, а сега се бори за политички опстанок откако ги промени клучните елементи од нејзината програма.