Прашањата за екстерно се сведоа на расизам, небулози и непозната материја

Сподели со своите пријатели

Екстерното тестирање, тестирање за кое секоја година од МОН велат дека поминало во најдобар ред, е тестирање кое секоја година станува сè поапсурдно и поапсурдно, реагираше Средношколскиот Пленум на четвртиот ден од спроведувањето на екстерното тестирање во основното и средно образование на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Loading...

Во екстерните прашања по англиски јазик за петто и шесто одделение голем дел од понудените текстови имаат и граматички и правописни грешки, а дел од прашањата учениците воопшто не го учеле, јавува порталот Факултети.мк. 

Според порталот, иако учениците напорно се подготвувале за прашањата, сепак тие не можат да пронајдат одговори за прашањето: Каков вид текст е „Богородица оди по маките“? или пак „Кој средновековен роман претставува христијанизација на животот на индискиот светец Буда?“ Исто така, учениците не го знаат одговорот на прашањето: Кој лик од „Мртви души“ е скржавец? – оваа книга воопшто не е дел од програмата, ниту пак ја работеле некогаш на час.

 

2

На прашањето: Колку букви има кирилицата која настанала со преобразба и поедноставување на глаголицата? понудени се 4 неточни одговори: а)58; б)48; в)28; г)38. Точниот одговор на прашањето е 44.

Во текстовите по англиски јазик се меша сегашно со минато време, иако голем дел од учениците од четврто и петто одделение воопшто немаат земено минато време. Исто така, има многу печатни грешки, па така Лејди Ди не е „Princess“ туку „Princes“.

4

Loading...

3

 

На екстерното по граѓанско образование се појави и прашање поврзано со спорот за името со Грција, кое голем дел од учениците го одговориле различно, а подоцна одговор не можеле да добијат ниту од нивните родители ниту пак од наставниците. Родителите се жалат на тоа и дека огромен проблем им претставуваат задачите по математика затоа што се непрецизни и збунувачки.

1

Прашањата изобилуваат и со расистички елементи.

Во прашањата по граѓанско образование може да се забележи омаловажување на учениците Албанци во кое тие се споредуваат со земјоделци или ученици кои живеат во планина и чуваат добиток, додека Македонците се сметаат за најдобри.

„Родителите не го пуштаат Агим да оди во училиште. Сметаат дека како највозрасен од сите браќа и сестри треба да се грижи за кравите во планина. Оваа одлука на родителите на Агим се вика:“

„Томче е најдобар ученик и затоа класниот раководител го предложил за претседател на одделението осмо два. Учениците тајно и со мнозинство гласови го избраа Томче за претседател. Дали има недемократски постапки при изборот на Томче?“

Loading...

Средношколскиот пленум во меѓувреме, на својата официјална фан страна на социјалната мрежа Фејсбук, се јави со своја реакција.

Господа од МОН, еве ви и доказ дека ова не функционира онака како што сакате и како што сте замислиле.

Прашања без понудени одговори, прашања со ниеден точен понуден одговор, одговори без прашања се само дел од проблемите на кои наидуваат учениците кои го полагаат ова тестирање. Најжалното од сè, ова се само дел од проблемите на кои се наидува, а ова се само два фатени моменти на пропусти, а несомнено ги има безброј.

Зарем не ви е срам, поради ваши грешки, поради вашата неспособност учениците да се оштетени, зарем не ви е срам што со ова ги деградирате посветеноста и знаењето што учениците го стекнуваат преку целата учебна година, активно девет месеци?

Екстерното тестирање започна на 2 јуни, а ќе заврши на 10 јуни. Предвидува околу 50.000 прашања од сите предмети, и ќе опфати 183.280 ученици и 17.803 наставници.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.