Праисториски наоѓалишта во Куманово: Археолошкото богатство на кумановскиот крај

Сподели со своите пријатели

Куманово и неговиот општински атар претставуваат ретко интересен и привлечен крај, како за археолозите и историчарите, така и за пасионираните туристи, кои се заинтересирани за историското минато на Македонија.

Loading...

Во кумановско се регистрирани голем број археолошки наоѓалишта од сите временски периоди, како и епиграфски споменици, создадени во текот на римската власт во Македонија. Од старите жители на овој крај поголемо внимание заслужуваат Илирите, Дарданците, кои се сметаат за први жители на северниот дел на Македонија, потоа Римјаните и Македонските Словени, кои останале подолго време на оваа почва и оставиле неизбришливи траги од својата материјална култура.

Најстарите траги од населби во кумановскиот крај се однесуваат до праисториското време. од рекогносцирањата и проучувањата на површинските наоди, како и од случајните археолошки предмети што стигнале до нас, станало јасно дека населбинскиот живот на оваа подрачје започнал уште во Неолитската епоха.

Што се однесува до положаите на првите населби, тие биле градени главно на благи падини во реонот на сливот на Крива Река во Пчиња и покрај реката Којнарка.

Од тоа се заклучува дека најстарите жители се занимавале со риболов, сточарство и земјоделство. Нивните населби биле незаштитени, што покажува дека биле градени во релативно мирно време, кое не барало утврдување на населбите.

 

 

Loading...

Судејќи по разновидната креамика од која фрагменти се среќаваат кај десетина праисториски наоѓалишта, може да се заклучи дека неолитскиот човек во Македонија живеел многу векови и оставил многу од својата матеирјална култура.

Керамички материјали од старчавачката култура, која е и најстариот период на неоилитот во Македонија, биле откриени покрај реката Пчиња и во атарите на Агино Село и Табановце.

Во средниот неолит, под влијание на Подунавје и Грција, настанале големи промени во грнчарските производи.

Подрачјето на Куманово и Скопје изобилува со фрагменти од виничанско – плочничката грнчарија, што се наложила по влијанието на Моравскиот басен во Србија, особено во последната фаза на Неолитската епоха.

Најглавното наоѓалиште со неолитска керамика (Винча – Плочник) било откриено во близина на селото Табановце.

Населбинскиот живот во кумановскиот крај продолжил континуирано и во бронзената еопха, кога керамичките производи, покрај домашната традиција, се наоѓале под силно влијание на Подунавјето и Грција, Но, населбите од оваа еопха поради немирните услови се повлекле на високите ридови и карпи и се утврдувале.

Покрај керамичкиот занает, паралелно се развивало и рударството и преработката на бронза, особено во соседните области на Кратово и Крива Паланка.

Културниот напредок е очигледен во оваа епоха со воведувањето на бронзените оружја, орудија на трудот и накитот.

Loading...

Планинскиот терен меѓу Куманово и Страцин, каде се очекува да има населби од бронзено време, не е посебно испитан, но од интервенцијата на утврдените населби (градипта) покрај Младо Нагоричане и Ругинце се отктиени фрагменти од бронзено-временската материјална култура на овие места.

Во текот на железната еипа во Македонија и соседните подрачја Дарданија и други, настануваат големи судири меѓу илирските и тракиските племиња, кои влијаеле и на настаните во Македонија и Грција.

Посебно треба да се одбележи долготрајната борба меѓу Дарданците и Македонците, што со прекини продолжила од V до I век пред новата ера.

На подрачјето околу Куманово се евидентирани и наошалишта од оваа епоха кај Агино село, Доброшане и Липково.

Наоѓајќи се на ракрсница, по која минувале важни патишта, Моравскиот и Вардарскиот, како и магистралата која водела на исток кон Сердак (Софија), Кумановскиот крај ги почувствувал влијанијата на многу народи и племиња, кои главно се движеле од северната кон јужна насока.

Тие етнички поместувања донеле нови културни елементи, како во грнчарското занаетчиство, така и во производството на бронзени и железни предмети.

 

Loading...

 

Антички наоѓалишта во кумановско

Од историските извори дознаваме дека најстарите жители на кумановскиот и скопскиот крај биле Илирите и Дарданците кои го населувале ова подрачје и пред населувањето на Тракијците, во денешна Бугарија односно пред XIII век п.н.е. Дарданските населби се простирале и на Косово и Ниш.

Во текот на античкото време пред доаѓањето на Римјаните, тие се наоѓале во постојани судири со своите јужни соседи Пеонците, а потоа и со Македонците. За време на борбите меѓу Македонија и Римската држава (III-II век пред новата ера), Дарданците активно го помагале Рим.

Кон крајот на I век пред новата ера Римјаните ги завладеале и своите поранешни сојузници и нивните области ги прилучиле во новосоздадената провинција Мезија Супериор. Така кумановскиот крај се открил и поврзал со културните и трговски средишта на Римската империја.

Остатоци од стари антички населби како и подвижен археолошки материјал, се среќаваат и торкиваат од двете страни на реката Пчиња, меѓу Доброшане и Коњух.

Loading...

На ова подрачје се регистрирани и неколку утврдени населби (градишта). Слични вакви градишта биле откриени и од двете страни на денешниот пат Куманово – Страцин, до Малдо Нагоричане (Жеглиговски кастел), Ругинце (градиште), во околината на селата Пчиња, Никуштак и други.

Непрополи од римското време се откриени во атарот на повеќе села: Агино село, Челопек, Лопате, Липково, Никуљане и Табановце. Во некои од некрополите се пронајдени и надгробни споменици со релјефи и натписи.

Епиграфски споменици на латински јазик се откриени во самиот град и во селата Биљановце, Коњух, Лопате и Никуштак додека на левата страна од реката Пчиња тие се пишувани на грчки јазик, бидејќи ова подрачје се наоѓало под влијание на грчката култура и јазик и во времето на римското владеење.

Главни наоѓалишта биле регистрирани во околината на Кокошиње, Малино и Градиште.

Што се однесува до моментните наоди од кумановскиот крај, треба да се истакне дека поединечни моменти се откриени во атарот на многу села како Нагоричане, Коњух, Живиње, Зубовце, Лопате, Липково и други.

Loading...

Но, колективен наод на моменти врз основа на она што е познато, досега е регисриран само еден случај. Во околината на селото Долно Којнаре е откриена голема остава со 2.185 доцновизантиски моменти од XII век.

Текст на Апостол Керамитчиев од 1971 година

Извор „Наш весник“

фото: илустрација


Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *