Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Стрновац

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е направена идентификација и дека е утврден идентитетот на мажот кој вчера починат беше пронајден во базенот на бањата Стрновац.

Loading...

Станува збор за Р.Р,  39-годишен жител на Куманово, чие тело сега е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.

За потсетување, телото на Р.Р. беше пронајдено на 11-ти декември нешто по 22 часот. Починатиот лежел со главата кон водата на базенот, и при првичниот увид од страна на стручни лица не се констатирани видливи телесни повреди.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.