Познат бизнисмен ликвидиран во Софија среде бел ден

Сподели со своите пријатели

Во Софија денеска убиен е бугарскиот бизнисмен Петар Христов (49), сопственик на една од водечките млекарници во земјата.

Христов е убиен во комплексот Манастирски ливади, а полицијата дојавата за тоа ја добила по 10 часа, соопштуваат од бугарското Министерство за внатрешни работи.

Според неофицијални информации, убиецот испукал осум куршуми од пиштол со мал калибар, но само еден ја погодил жртвата. Полицијата го блокирала местото на убиството и извршила увид, а по напаѓачот се трага.

„Лактима“ е еден од водечките произведувачи на млечни производи во Бугарија.

Loading...

Медиумите наведуваат дека Христов бил во Управниот одбор на холдингот „Пропертис менаџмент груп“, кој ги обединува фирмите од областа на прехрамбена индустрија, инфраструктура, градежништво, туризам, финансии и консалтинг.

христов бил и член на Советот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и консултативен советник во бугарското Министерство за регионален развој.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.