Пожарникарите во Старо Нагоричане лани со 48 интервенции

Сподели со своите пријатели

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане лани регистрира 48 интервенции, информираа денеска надлежните.

Loading...

На отворен простор се случиле 35 пожари на шума, стрништа, депонии, шут и отпад, шест интервенции се случиле на објекти и помошни објекти, четири интервенции од емементарни непогоди пред сè од удар на гром и противпожарната единица интервенирала и на три сообраќајни незгоди.

Од почетокот на годинава има само една интервенција на запалена сува трева во село Руѓинце.

– Располагаме со две противпожарни возила едно теренско и едно лесно возило за транспорт на вода. Ланската во однос на претходната година беше подобра со помал број пожари и веројатно има зголемена свест кај граѓаните во однос на минатата година кога имаше огромни шумски пожари на подрачјето на нашата општина, изјави командирот на противпожарната единица Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Куманово во првите два часа од гласањето?

МИА