Пожарникарите спречија ширење на пожар кон селските гробишта во Доброшане

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, ТППЕ Куманово бележи две интервенции на гаснење пожар предизвикан од запалена сува трева.

Loading...

Во првиот случај, пожарникарите гаснеа сува трева во населбата Перо Чичо, каде е интервенирано со тројца пожарникари и едно ПП возило.

Во втората интервенција, било интервенирано на запалена сува трева во село Доброшане, каде е пријавен пожар близу селските гробишта.

Во гасењето на пожарот учествувале тројца пожарникари со едно ПП возило. Нема причинтето голема материјална штета, а причината за пожарот како што се наведува во извештајот е човечки фактор.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.