Пожарникарите со шест интервенции изиминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележат вкупно шест различни интервенции, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција ја бележат во раните утрински часови кога во период од 03:20 до 04:10 часот тројца пожарникари со едно возило учествувале во гаснење на опожарено патично моторно возило во атарот на селото Љубодраг.

Сува трева тројца пожарникари гаснеле во близина на Филтер станицата кај т.н. Говедарски пат во период од 10 до 11 часот.

Тројца пожарникари сува трева гаснеле и во атарот на селото Матејче и тоа во период од 13:30 до 16:25 часот.

На улицата „Моша Пијаде“ во период од 13:35 до 16:00 часот тројца пожарникари гаснеле запален контејнцер.

Двајца од кумановските пожарникари помош пружиле и на своите колеги од Општа Старо Нагоричане во гаснење на запалена сува трева на поголема површина во селото Сув Ора. Интервенцијата таму тарела од 16:20 до 18:40 часот.

Запалено стрниште горело во населбата Карпош, поточна во месноста Амбар Маало. Во период од 18:10 до 19:45 часот интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

 

Loading...