Вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово за време на празникот Илинден бележат шест интервенции, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 03:40 до 06:25 часот бележат четворица пожарникари со едно возило бележат интервенција во атарот на селото К’шање.
Во период од 14:15 до 15:45 часот три противпожарни возила и десетмина пожарникари гаснеле запалена сува трева во населбата Иго Тичковиќ.
Во населбата Долно Којнаре петмина пожарникари со две возила гаснеле запалена сува трева во период од 19:20 до 20:00 часот.
На Шумскиот пат во населбата Бедиње двајца пожарникари гаснеле запалена трева во период од 20:15 до 20:40 часот.
Кај Поток Серава од 20:30 часот било интервенирано на запалена сува трева од страна на тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Loading...