Пожарникарите гаснеа три пожари на територија на Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, ТППЕ Куманово бележи три интервенции, предизвикани од човечки фактор.

Loading...

Пожарникарите од ТППЕ Куманово гаснеа пожар на три локации, откако било пријавена опожарена сува трева, и тоа во населбата Иго Тричковиќ, нас. Карпош и село Орашац, каде со едно возило и четворица пожарникари било интервенирано во текот на вечерните часови.