Пожарникарите гаснеа опожарено моторно возило кај маркетот ТУШ

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, Територијлната противпожрарната екипа на Куманово бележи интервенција  со едно противпожарно возило и петмина пожарникари на запалено моторно возило пред маркетот Туш.

Loading...

Во атарот на с. Тромеѓа, поточно во маалото Слатино  интервенирано е во време од 17,20 до  19,35  часот со 1 ПП возило и 5 пожарникара на опожарено жито и стрниште.  Податоци за површината зафатена со пожарот не беше детално соопштена, се вели во извештајот на РЦУК.

Во време од 18:45 до 19:25 часот, во текот на вчерашниот ден е интервенирано  со 1 ПП возило и тројца пожарникари на запалена сува трева кај локалитет Градски гробишта.