Пожарникари спасувале повреден патник на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Едно лице е повредено, откако вчера наутро се случила сообраќајна незгода на патот Куманово – Свети Николе во близина на селото Скачковце.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:15 до 09:10 петмина пожарникари учествувале во акцијата за вадење на повредениот патник од автомобилот.

– До незгодата дошло откако патничкот автомобил движејки се го изгубил правецот од засега непозната причина,  излетал од патот и се превртел. Повредено било едно лице, кое по вадењето од автомобилот од страна на припадниците на ПП единица, му била укажаната прва помош од страна на екипата на Брза помош – Куманово и веднаш било префрлено во Ургентен центар Куманово на понатамошно лекување, велат од РУЦК.

Никола Ивановски

Leave a Reply