Пожар во зграда на „Трета МУБ“ во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар избил во стан во зграда лоцирана на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово попладнево околу 15:55 часот.

Според првичните информации пожарот започнал во кујната на станот.

Loading...

На терен се десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица кои со две возила интервенираат во борба со пожарот.

Според засега непотврдени информации од терен едно лице со возило на Итна помош е пренесено во болница.

Повеќе детали наскоро.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *