Пожар во пекарница во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пожар рано утринава избувнал во пекарница во Куманово, информираат денеска од полицијата.

Loading...

– На 11.06.2022 во 02.35 часот во СВР Куманово е пријавено дека во пекарница на ул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, сопственост на А.Б.(46) од Куманово, во близина на Зелен пазар, настанал пожар во кутија со осигурувачи поставена во една од просториите, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Куманово.

Повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ