Пожар во деловен објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пожар вчера пеплосал деловни простории во Куманово, но за среќа нема повредени во инцидентот.

Loading...

– На 05.04.2021 година во 13.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во деловен објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица -Куманово, а повредени лица нема.

Од Територијалната противпожарна единица Куманово информираат дека петмина пожарникари интервенирале со едно противпожарно возило во период од 13:10 до 14:15 часот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски / фото: архива

Leave a Reply