Францускиот „Спајдермен“ Ален Робер без јажиња се качуваше на облакодер во Париз за да помогне да се соберат пари за реновирање на познатата париска катедрала Нтр Дам.
Loading...
Робер (56), кој повеќе од 100 пати се качил на облакодери ширум светот, овој пат освои врв на зграда бисока 185 метри, со редовно застанување за да нанесе креда на рацете, пренесува агенцијата Ројтерс.
Кога завршил со качувањето, тој е приведен.
Набљудувачите на овој необичен перформанс снимале со своите паметни телефони.
Французинот, меѓу другото, се качил и на мостот Голден Гејт во Сан Франциско и Бурџ Калифа во Дубаи.
Парискиот надбискуп е во кампања за собирање повеќе од 100 милиони евра за спас на Нотр Дам.