ПОВТОРНО СМЕНА НА ТРОНОТ: Маск повеќе не е најбогатиот човек во светот

Сподели со своите пријатели

Илон Маск ја изгуби титулата најбогата личност во светот по неодамнешниот пад на цените на акциите на Тесла, главниот извор на неговото богатство.

Loading...

Акциите на Тесла потонаа повеќе од 20 проценти од врвот во јануари, кога чинеа 880 долари.

 

 

Забележан пад на цените беше забележан оваа недела откако компанијата инвестираше 1,5 милијарди долари во Биткоин, пишува Би-Би-Си.

Овој пад го донесе Џеф Безос на врвот на листата на најбогати луѓе во светот.

 

Loading...

 

Падот на цените на акциите на Тесла следеше по зачудувачки пораст минатата година, кога акциите скокнаа од 90 на повеќе од 700 американски долари.

Поради тој раст, Маск го престигна шефот на Амазон, Џеф Безос, во трката за најбогата личност во јануари, но покрена и прашања за вистинската вредност на компанијата што произведува многу помал број автомобили во споредба со конкуренцијата.

 

 

Падот на цените на акциите на Тесла „избриша“ над 15 милијарди долари од богатството на Маск.

Loading...

Leave a Reply