Повторно кривична за жител на кумановско кој превезувал дрва без лиценца

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат оттаму, на 23.11.2019 во селото Черкези, кумановско, пријавениот без регистрирана дејност, со товарно возило „застава“ во негова сопственост, вршел јавен превоз на огревно дрво без лиценца.

Ова е само една во низата кривични дела за нелегален транспорт на огревно дрво, со оглед дека во последен период Секторот за внатрешни работи Куманово вакви кривични пријави поднесе против повеќе лица.

Leave a Reply