Повреден возач откако излетал со возилото на патот Куманово – Скопје

Сподели со своите пријатели

Едно лице е повредено откако автомобил излета од патот кај селото Умин Дол.

Loading...

На регионалниот пат Куманово – Скопје, на влез во селото Умин Дол, кумановско, вчера околу 16:10 часог патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(61) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата со повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply