Повреден Авганистанец пронајден во Лојане

Сподели со своите пријатели

Мигрант по потекло од Авганистан со телесни повреди бил пронајден во атарот на селото Лојане, липковско.

Loading...

– На 24.03.2021 во 23.40 часот од полициски службеници од Полициска станица Сопот во с.Лојане, бил пронајден повреден А.Р., мигрант од Авганистан, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според негово кажување, тој со повредите се здобил откако бил физички нападнат на територијата на Р.Србија.

Лицето е пренесено во Општа болница Куманово за укажување на понатамошна лекарска помош.

Никола Ивановски

Leave a Reply