Повеќе пожари вчера во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Поголем број пожари се регистрирани вчера на територија на општините Куманово и Старо Нагоричане, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во населбата Карпош кај м.в. Никуљски пат горела сува трева, при што тројца пожарникари интервенирале од 18:05 до 19:40 часот.

Во липковско Васкинце гореле сува трева и стрниште. Таму тројца пожарникари интервенирале во период од 19:20 до 21:20 часот.

Стрниште и сува трева гореле и во населбата Карпош при што тројца пожарникари интервенирале од 20:00 до 21:10 часот.

Сува трева горела во атарот на селото Романовце. Интервенирале тројца пожарникари од 18:30 до 19:50 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

Запалено стрниште горело ви селото Пчиња во текот на ноќва, при што во период од 01:00 до 02:25 часот интервенирале четворица пожарникари.

Автомобил бил изгорел во населбата Иго Тричковиќ во текот на ноќва. Тројца пожарникари го гаснеле огнот од 02:45 до 03:20 часот.

Пожари во изминатите 24 часа имало и на територијата на Општина Старо Нагоричане.

Loading...

Во селото Младо Нагоричане (мала Вујевци) гореле сува трева и стрниште. Тројца пожарникари на ТППЕ Старо нагоричане интервенирале во период од 11:25 до 12:15 часот.

Во маалото Пиленац во селото Младо Нагоричане исто така било интервенирано на запалено стрниште. Интервенцијата траела од 17:30 до 18:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Според последните информации на РЦУК на пошироката територија на кумановско нема активни пожари во овој момент.

Никола Ивановски