Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија го усвоија барањето на стечајните работници да добиваат по 7.560 денари до своето пензионирање, за оние кои имаат работено над 15 години во компанија која била со доминантна државна сопственост, а која отишла во стечај или ликвидација.
Меѓутоа, како што вели претседателката на Здружението на стечајни работници „УНИТ“, Лилјана Георгиевска, 52% од стечајци не дочекаа да уживаат во овој закон, како резултат на зголемената смртност кај оваа категорија граѓани.
За жал имаме преголема смртност над 52 проценти стечајни работници што се заминати нема да го користат овој надоместот, благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Здружението УНИТ постои од 2002 година, унит 7000 и нешто потоа на 6000 бевме до 2014 бевме толку но со она згрижување беа опфатени само 200 лица од Куманово другото е смртност, малку редовна и инвалидска пензија сега сме 1.100 членови што е страшно со прилив на „Монопол“, „Житомел“, новите фирми кои се излезени 2015 2016, така што можете да замислите која катастрофа – вели Георгиевска.
Сепак и оние 4.000 стечајци кои останаа не се целосно опфатени со новиот закон кој допрва треба да се изгласа во Собранието.
Ќе се обештетат иако нема да ги опфати сите но не застануваме тука ние сме 4.000 со акционерските друштва бидејќи нема соодветна евиденција не можеме да дојдеме до евиденција како и што завршило со приватизација или со ликвидација, стечај, ќе остане тоа во наредниот период јас се надевам после Нова година да се разгледаат и тие претпријатија за да можат и тие луѓе да се згрижат, да не остане никој незгрижен од 4.000. ова е наша обврска која ја дадовме на стечајните работници и ќе ја исполниме со ресорното министерство и со Владата. Уште е рано бидејќи пред два дена беше усвоено на Владина седница треба да оди на редовна процедура во Собрание за да се изгласа законот. Од тука ќе се види како и што ќе се аплицира иако ќе оди преку Агенцијата за вработување, тоа ќе биде таму да се поднасаат документите. Со тоа што имаме веќе договор со директорот на Агенцијата за вработување да се поднесат наши списоци за да полесно се дојде и кои фирми да се опфатат. Јас се надевам дека нема да има проблем, имаме добра соработка и со Агенцијата за вработување и министерството така што се надевам дека бргу ќе оди и лесно. За нас ќе значи големо олеснување ние на еден начин сме спасени. Некој вели дека не е многу, но за нас што немаме ниту денар во џеб со години, пак ќе кажам благодарам 7.560 денари ќе има за лекови, сметки она што ни е најмногу потребно, и за корка леб ќе остане – додава Георгиевска.
Стечајните работници ќе останат запаметени како категорија на граѓани кои минаа низ големи маки. Се бореа за она што им е потребно за минимална живеачка. Протестираа, беа приведувани, им беа пишувани и казни, но борбата, велат се исплатеше. Благодарни се на сегашната политичка гарнитура, но се надеваат дека законот бргу ќе влезе во законска процедура и дека ќе се изнајде начин да бидат опфатени и оние на кои новите измени нема да им донесат бенефит.