aerial photography of vehicles passing between high rise buildings

Повеќе од една третина од Шпанците успеваат само да ги покријат трошоците

Сподели со своите пријатели

Истражувањето спроведено на 2.000 испитаници во Шпанија, покажува дека 36,4 отсто од испитаниците успеваат да ги покријат своите трошоци.

Loading...

Како што е наведено, 41,3 отсто од испитаниците рекле дека успеваат да штедат по малку секој месец, додека 10,3 отсто рекле дека треба да ги искористат заштедите за покривање на трошоците, а 5,9 отсто дека биле принудени да се задолжуваат.

Анкетата е спроведена од 23 до 26 февруари.

Во тој месец цените во Шпанија пораснале за 6,1 отсто во споредба со јануари, што е највисок месечен пораст на инфлацијата во февруари во последните 45 години, пишува весникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претреси во Германија против „Граѓаните на Рајхот“, застрелан полицаец!

Инфлацијата останува фундаментален проблем за домаќинствата, владите и инвеститорите, при што потрошувачките организации OCU ги проценуваат дополнителните годишни трошоци за просечното семејство на 860 евра.

Кредитите исто така се поскапи, па просечната сума на заемот во Шпанија се зголеми од 546,8 евра месечно на 813,8 евра.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.