Повеќе од дваесет кумановски улици добија нов лик и нова асфалтна подлога (галерија)

Сподели со своите пријатели

Со отпочнувањето на проектот за асфалтирање и обновување на патната инфраструктура во градот во јули ова година,  досега на ниво на Куманово се реконструирани повеќе улици, со што проектот на општината се спроведува согласно најавената имплементација.

Loading...

[huge_it_gallery id=”211″]

 

По завршувањето на реконструкцијата на ул. Бајрам Шабани и вградување на 2200 м/2 асфалтен слој, како и реконструкцијата на ул. Биљановска (од ул. Народна Револуција и ул. Тоде Думба) на површина од 600 квадрати, асфалтирање на дел кај бул. Октомвриска Револуца (дел кај Мајмаркет) на површина од 190 квадрати и бетонска површина од 1200 квадрати, проектот за асфалтирање продолжи со санирање на нови улици, информираат од Секторот за урбанизам.

Имено, во последниот месец, на ниво на Куманово беше завршено и асфалтирањето на ул. 11 Октовмри (делот кај Општа Болница, Куманово), на површина од 4000 квадрати, асфалтирање на ул. Иван Цанкар и ул. Александар Здравковиќ во населбата Тоде Мендол, додека во последните две недели и минатиот месец, завршено е и асфалтирањето на ул. Васил Драгомански, ул. Иван Милутиновиќ, ул. Панчевачка, ул. Боро Прцан, паркингот на ул. Тоде Думба (над м.в Гаражи), паркингот на делот од ул. Иво Лола Рибар и бул, Октовмриска револуција, крак од ул. Ленинова (зад м.в Скопски дуќани), раскрсницата помеѓу ул. Авној и ул. Лесковачка, санација на дел од ул. Видое Смилевски – Бато, целосно асфалтирање на ул. Милентие Поповиќ со поставување на бекатон на тротоари, раскрсницата помеѓу ул. Тоде Думба и ул. Драган Стопаревиќ, реконструкција на дел од ул. Тонко Димков, дел од крак од ул. Трета МУБ и ул. Егејска Македонија,  како и дел од крак на ул. Народна Револуција (поставување на бекатон).

12003142_10206033009478721_401922809210681188_n

Како што најавуваат од Општина Куманово, во делот на изградба на затворениот пливачки базен во Куманово, градежните работи исто така навлегуваат во завршна фаза.