Повеќе од 40 лица загинаа и исчезнаа во одрон во Грузија

Сподели со своите пријатели

Во лизгање на земјиштето во одморалиште во планините на Грузија загинаа седум лица, а 35 се водат како исчезнати, објавија медиумите.

Loading...

Одронот се случи во четвртокот во областа Шови, 150 километри северозападно од главниот град Тбилиси.

Областа со викендички и мали хотели е популарна по изворите на минерална вода и живописните планини.

Премиерот Иракли Гарибашвили ја посети таа област.

Официјални лица рекоа дека лизгањето на земјиштето очигледно било предизвикано од силен дожд и неодамнешната ерозија на почвата во областа.