Повеќе локации низ градот без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во град Куманово се без електрична енергија, дел поради најава за прекини, дел од нив поради дефекти кои траат веќе некое време, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Поради инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија планирани се прекини во електричното напојување на две локации во градот. Станува збор за селото Табановце и спомен Констурница, а прекинот ќе трае од 9:45 до 15 часот.

Поради дефект на мрежата во моментот без напојување со електрична енергија се: Куманово – централно градско подрачје ул. 4 јули , Божидар Мицковиќ и село Липково, каде дефектот настанат вчера околу 16 часот се уште не е решен до овој момент и се работи на целосно нормализирање на електродистрибуцијата, стои во извештајот на РЦУК.