Потрошиле 3 милијарди долари да направат подморница, а ја онеспособила вода (видео)

Сподели со своите пријатели

Првата индиска нуклеарна балистичка подморница INS Arihant била скоро девет месеци надвор од оперативна служба поради прилично неверојатна грешка.

Имено, еден морнар заборавил до крај да го затвори капакот на задниот дел од подморницата.

Тоа предизвикало продор на морска вода која направила толку голема штета врз опремата на подморницата што поправката траела скоро година дена.

Русите лути на Индија: Им дале нуклеарна подморница на лизинг, а тие дозволиле Американци да ја проучуваат (видео)

Loading...

Извор од Морнарицатана Индија тврди дека низ отворот на задната лева страна на подморницата водата влегла во погонскиот дел на INS Arihant. Испумпувањето на водата и сечата и замената на цевките потоа траело девет месеци.

INS Arihant е граден во рамките на програмата вредна 2,9 милијарди долари, а неговата конструкција започнала во 2009 година.

Седум години подоцна, во октомври 2016 година, подморницата влегла во редовна служба на Индиската морнарица.