Овој 35-годишен маж е обожавател на фитнес, а потрошил вистинско богатство како би изгледал дупло постаро. Неговата сопруга е задоволна од резултатите, а вас како ви се чини?
Многу мажи се плашат од староста, а посебно од белеење на косата, но тоа не може да се каже и за Павел Лаџиак од Варшава.
Бидејќи бил незадоволен од изгледот, тој започнал да се занимава активно со фитнес околу 30-тата година. Во интервју за полски медиум тој признал дека станал популарен на социјалните мрежи откако почнал да негува стар и фит изглед.
Павел привлекува огромно внимание на Instagram, каде има над 350.000 следбеници. Неговиот изглед потсетува на италијанскиот милионер Џанлука Ваки, кој има над 11 милиони следбеници на Instagram.