Потпишан актот за двојазични натписи на полициските униформи

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, држејќи двојазична плакета на МВР во раката, соопшти дека потпишал акти со кои полициските униформи ќе добијат двојни натписи на македонски и албански јазик.

Loading...

„Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила“, пишува Нухиу на социјалните мрежи.

Двојазичните униформи на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и општините каде живеат 20 отсто од Албанците е предвидено со Законот за јазиците кој пред две години беше изгласан во Собранието.

Leave a Reply