Потикнуваат ли видео игрите агресија, еве што вели една десетгодишна студија

Сподели со своите пријатели

Со години, насилните видео игри и видео игрите генерално беа обвинувани за зголемување на агресијата кај играчите, претежно кај деца и млади.

Loading...

Но, десетгодишното истражување објавено во списанието Cyberpsyhology, Behavior and Social Networking, заклучило дека нема разлика во зголемувањето на агресијата помеѓу испитаниците кои со часови играле видео игри и оние кои не играле.

 

 

 

Иако студијата го потврди она што креаторите на видео игри го потенцираат со години, авторите на студијата истакнуваат дека е забележано дека испитаниците кои имале умерена агресија на почетокот на студијата на крајот покажале најагресивно однесување.

Сепак, ова агресивно однесување не е предизвикано од агресивни видео игри, туку од фрустрации затоа што тие не ја добиле играта.

Loading...

Заклучено е дека адолесцентите кои интензивно играат насилни игри од рана возраст, не покажале поагресивно однесување подоцна во животот, покажува истражување кое, меѓу другото, покажало дека момчињата, односно мажите почесто избираат и играат агресивни видео игри отколку девојчињата.

 

Leave a Reply