Посвоил шест деца со потешкотии во развојот: „Им треба дом полн љубов“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Англичанецот Бен Карпентер посвоил шест деца со пречки во развојот.

Loading...

На 21-годишна возраст, овој хуман човек стана најмладиот хомосексуалец во Велика Британија што посвоил дете, а по првото дете, денес 14-годишниот Џек на кој му бил дијагностициран аутизам, посвоил уште пет деца со пречки во развојот.

Заедно со Џек, тој во април годинава ги посвоил 11-годишната Руби, деветгодишната Лили која е глува, шестгодишниот Џозеф кој има Даунов синдром и двегодишниот Луис кој има церебрална парализа.

Теди, петтото дете што го посвоил, починало во 2019 година од сепса.

Бен Карпентер вели дека отсекогаш сакал да има големо семејство.

„Отсекогаш знаев што сакам. Никогаш не сакав да станам биолошки татко затоа што да се биде родител е многу повеќе од тоа. Сакав да им помогнам на децата кои беа најзагрозени и на оние на кои им беше потребен дом со љубов и грижа” изјави тој за Дејли Меил.

Тој вели дека често ги замислува своите деца како едни на други одат на венчавка и дека тие се едно големо и среќно семејство.

„Колку што им го сменив животот, тие го сменија и мојот“, вели тој.

Loading...

Покрената е и акција со која луѓе од ширум светот му помагаат на Карпентер во подигањето на децата.

 

Leave a Reply