Данската агенција за енергетика соопшти дека компанијата Норд стрим информирала дека е постигнат стабилен притисок во оштетениот гасовод Северен тек 1 и дека тоа укажува дека е запрено истекувањето на природен гас.
Минатата недела беа откриени вкупно четири истекувања на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море во близина на Данска и Шведска, пренесува Независне новине.
Иако ниту еден од двата гасоводи не бил во употреба во моментот на експлозиите, тие биле наполнети со гас и од понеделникот на површината на Балтичкото море биле видливи меурчиња.
Во саботата беше објавено дека гасот повеќе не излегува од гасоводот Северен тек 2.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.