Постигнат договор за Владата на Косово

Сподели со своите пријатели

Потпретседателот на косовскиот демократски сојуз, Вјоса Османи, вечерва рече дека движењето Самоопределување се согласи да формира влада со само 12 министерства.

Loading...

Османи, гостувајќи на Пресинг на Т7, рече дека две министерства, за кои сè уште не е решено, ќе им припаѓаат на малцинствата, додека десет министерства ќе ги водат Албанците, пренесува Косово онлајн.

Османи рече дека во секое министерство ќе има двајца заменици-министри заради обемот на работа.

Потпретседателот на ДСК истакна дека нема да има разговори за коалиција со која било друга политичка партија.

Leave a Reply